ЕВН: И село Студеничани без струја поради кражби

struja_34535355353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото, соопшти денеска ЕВН.

Дефектот, како што наведуваат, не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое, како што велат, практично ги држи другите 100 домаќинства во заложништво без снабдување со струја.


-Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот. Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија, велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK