Казни за 231 возач за брзо возење на територија на цела држава

policija-radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се санкционирани 231 возач.

Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што денеска соопштија од МВР, притоа 101 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK