Во Крива Паланка се одржа Меѓународниот фестивал “Вечер на осоговски песни”

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На сцената на центарот за култура Крива Паланка синоќа одекнаа звуците на тамбури, мандолини и староградски мелос од државата и соседството на Меѓународниот фестивал “Вечер на Осоговски песни”.

Фестивалот е во организација на НУЦК, дел од програмата на годинашното “Кривопаланечко културно лето” на Општина Крива Паланка, поддржано од Министерството за култура.


Пред кривопаланечката публика настапија: пејачка група “8 Октомври”, “Табиет”, Свети Николе, “Ѓурѓа”, Делчево, “Распеани Паланчани”, Крива Паланка, “Распеани Гевгеличани”, Гевгелија и вокално- инструментален состав “Елеганс”, Ќустендил, Република Бугарија.

-Граѓаните имаа можност да се потсетат на старата калдрма, на звуците на веселите народни пејачи под чардаците, мелосот и традицијата на градовите и староградските приказни раскажани преку песни и звуци од пејачките групи и вокални состави од градот, државата и соседството, изјави директорот на НУ Центар за култура Крива Паланка, Дарко Стоилковски.

Староградска музика за сите љубители на традицијата од чаршијата и вечерва е на програмата со “Осоговска староградска вечер 2023” во организација на Културно-уметничко здружение “Распеани паланчани”, на која покрај домаќинот -организатор, ќе настапат и староградски друштва од Штип и град Шумен, Република Бугарија.

Синоќа поради лоши временски услови настанот се одржа во Центарот за култура, додека вечерва е планирано публиката да ужива во музика на отворено на летната сцена во градскиот парк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK