Во Битола се санираат одрон, паднати дрвја и поплавени простории од обилниот дожд

bitola_3543453454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Општинскиот штаб за заштита и спасување презеде итни мерки за санирање на штетити предизвикани од невремето со обилен дожд што попладнево ја погоди Битола.

На вонредна седница на штабот, градоначалникот Тони Коњановски беше информиран дека првично пријавени се штети од удар од гром на улицата „Караорман“ број 104 в, поплавени се визбени простории на улицата  „Ѓорче Петров“, на броевите 21 и 39, поплавени куќи на улица „Дебарска“ бр 99, „Струшка“ бр. 33, „Димитар Мите Богоевски“ бр.6, одрон на патниот правец А3 кај тунелот, како и паднати дрвја на патниот правец Беранци – Вашерејца.


Në Manastir pasditen e sotme reshjet e dendura të shiut kanë përmbytur pjesë të qytetit, kanë shkaktuar ndërprerje të qarkullimit në disa rrugë, ndërsa ka edhe bodrume dhe shtëpi të vërshuara

Јавните претпријатија со своите човечки ресурси и механизација се на терен и работат на отстранување на штетите предизвикани од обилните врнежи од дожд.

Граѓаните кои имаат штети, може да ги пријавуваат на телефонскиот број 112 на Центарот за управување со кризи, а Комисијата за проценка на штети, дополнително ќе ја утврди состојбата, соопштија од битолскиот штаб за заштита и спасување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK