Невреме во Битола, заседава општинскиот кризен штаб

битола
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Битола попладнево силен дожд поплави делови од градот, предизвика прекин на сообраќајот на повеќе сообраќајници, а има и поплавени визби и домови.

Невремето го принуди градоначалникот Тони Коњановски да свика вонредна седница на Општинскиот кризен штаб која е во тек.


Од локалната самоуправа најавија акција на јавните комунални претпријатија, справување со состојбата по обилниот дожд кој престана да паѓа, но најверојатно предизвика штети кои ќе бидат регистрирани.

Се очекува соопштение за јавност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK