Промовирана платформата „Чаир одлучува“, Општина Чаир ја зајакнува соработката со граѓаните

општина чаир
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Чаир одлучува“ е името на платформата што беше промовирана денеска и која има за цел да биде мост меѓу граѓаните и Општина Чаир, нудејќи можност преку дебати, идеи и предлог проекти, граѓаните да станат дел од одлучувањето.

Онлајн платформата „Чаир одлучува“ е заеднички производ на Здружението за унапредување на демократијата – Democracy Lab и општина Чаир, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Македонија.


Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, при промоцијата на платформата истакна дека за општината што ја води тој е особена чест да се биде дел од ваков проект.

-За нашата општина претставува особена чест што денеска ја промовираме Платформата за граѓанско учество Чаир одлучува, која има за цел да ја зајакне врската и соработката помеѓу општината и граѓаните, бидејќи граѓаните биле и продолжуваат да бидат вистински партнер во развојот на нашата општина. И токму оваа Платформа ќе се реализира со тоа што ќе им се даде можност на граѓаните да дадат свои идеи и предлози за решавање на урбаните и јавните проблеми, рече Ганиу.

„Чаир одлучува“ базира на идејата дека граѓаните се тие кои најдобро знаат каква општина сакаат, како размислуваат за зелените јавни рекреативни површини, каде и како ќе го поминуваат своето време, кон што гледаат како најголем проблем, како истиот може да се решава.

-Граѓаните ќе имаат глас не само за тоа што недостасува во нивната општина, за она што не е правилно, туку глас и учество во решавањето на тие проблеми, со идеи кои ќе произлезат од самите нив. Оваа платформа ќе овозможи и ќе го зголеми легитимитетот на институциите, ставајќи ги на прво место граѓаните и нивните барања и идеи, како и зајакнување и продлабочување на демократијата во земјата. Демократијата како вредност и како подобар систем на владеење што Северна Македонија се стреми да го има, истакна Ганиу.

Тој потсети дека бидејќи живееме во време на технологија и иновации, „Чаир одлучува“ е платформа која ќе го промени начинот на комуникација од традиционален и бирократски во брз, директен и иновативен.

-Можеби граѓаните ќе можат многу подобро да се запознаваат со општинските сектори за да знаат каде се адресираат проблемите, од каде се решенијата за тие проблеми и слично, рече првиот човек на Чаир.

Платформата „Чаир одлучува“ заеднички ја промовираа градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, Аугуста Филбин, заменик-шеф на Секторот за односи со јавноста на Амбасадата на САД, Сефер Селими, извршен директор на Democracy Lab, претставници на јавната администрација и граѓани на Чаир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK