Во Делчево распишан конкурсот за доделување на Општинската награда за 2023 година

delcevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Делчево го распиша конкурсот за доделување Општинска Награда за 2023 година. Пријавувањето по конкурсот по претходно определен Правилник е во траење од 30 дена започнувајќи од денес, а наградата како што информираа од Општината се доделува по повод денот на Општината 7-ми Септември

– Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево и годинава конкурсот го распишува врз основа на претходно определен Правилник согласно кој се дефинирани начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево.


Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од ден 05.07.2023 година и трае заклучно до ден 04.08.2023 година, а предлозите за кандидати се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, со назнака „Предлог кандидат за доделување општинска награда“, информираа од Општина Делчево.

Општинската награда се доделува за особени достигнувања во својата област на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Северна Македонија.

– Наградата се доделува како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република а Македонија и во светот додадоа од Општина Делчево.

Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија. Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ, додека за правно лице од плакета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK