Општина Илинден изврши реконструкција на повеќенаменско игралиште во Ајватовци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Илинден изврши комплетно уредување и реконструкција на повеќенаменското игралиште во населеното место Ајватовци.

Во рамки на повеќенаменското игралиште, соопштија денеска од Општина Илинден, поставени се две нови табли за кошарка, на головите за мал фудбал и ракомет поставена е заштитна мрежа, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Поставени се столбови за осветлување како и целосно оградување на просторот со заштитна мрежа.



Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посетил населеното место Ајватовци и истакнал дека со ова комплетно уредување и реконструкција на повеќенаменското игралиште, младите ќе добијат убаво и безбедно место за спорт и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слободното време. Исто така, освен жителите од Ајватовци повеќенаменското игралиште ќе можат да го користат и граѓани кои рекреативно го посетуваат спортско-излетничкиот центар Ајватовци.

Средствата за реконструкција се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. Во наредниот период Општината ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките игралишта, затоа што унапредувањето на спортот и спортските содржини, е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK