Костадиновска Стојчевска: Законот за македонски јазик да биде изгласан во најразумно време

stojcevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за култура и потпретседателка на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска очекува Предлог-законот за македонски јазик да биде изгласан во најразумно време.

– Предлогот законот за македонски јазик вчера го помина првото читање на пленарна седница во Собранието. Дебата е на високо ниво, на едно конструктивно ниво бидејќи зборуваме за закон за употреба на македонски јазик којшто решивме оваа година заедно со работната група да го претставиме како нов текст. Постоечкиот закон кој бил изгласан во 1998 и кој имаше претрпено само неколку технички промени навистина ја регулираше употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, но, имаше одредени недостатоци, истакна Костадиновска Стојчевска во утринската емисија на Канал 5.


Таа рече дека сега законот влегува во амандманска расправа и изрази надеж дека конструктивната дебата ќе продолжи.

Костадиновска Стојчевска истакна дека собранискиот филтер на пленарна седница го помина и Законот за државни награди.

Со Законот за државни награди предвидуваме две нови награди Блаже Конески и Ремзи Несими, за особени достигнувања во македонски јазик и во албански јазик соодветно, исто така се надевам дека ќе се препознае важноста на овие две нови награди, нагласи Костадиновска Стојчевска и упати повик до другите народи во државата да дадат предлози за државни награди за достигнувања во областа на нивните јазици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK