Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

isplata-socijalna-zashtita
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2023 година.

Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка, информираат од МТСП, ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 јули 2023 година.


МТСП исплата 1

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

05.07.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
06.07.2023– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK