Украина ги гранатираше руските Курска и Белгородска област, соопштија нивните гувернери

tenk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските региони Курска и Белгород рано утринава беа гранатирани од украинските сили, соопштија нивните гувернери, додавајќи дека нема извештаи за жртви.

„Градот Валујки е под оган од вооружените сили на Украина“, напиша гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков на Телеграм.


Тој не прецизираше дали станува збор за ракетен оган, артилериски оган или некој друг облик на напад. „Системот за противвоздушна одбрана функционираше, но има оштетувања“, додаде Гладков. Според него, една жена се здобила со рани од шрапнел.

Исто така, Роман Старовоит, гувернер на Курската област, северно од Белгород, која исто така се граничи со Украина, изјави дека училиште и приватна куќа биле оштетени во гранатирањето на селото Тјоткино, повторно не прецизирајќи ја формата на нападот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK