Општина Берово со парична поддршка за ППК „Зегин“


opstina berovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Берово парично ќе го поддржи Пингпонгарскиот клуб „Зегин” кој следната недела ќе учествува на Меѓународен турнир во соседна Грција. За таа цел денеска е потпишан договор за финансирање од 100.000 денари, средства од кои дел ќе бидат наменети за подготовка, тренинзи во новата сезона и развој на клубот.

-Финансиската поддршка за нас е од особено значење, бидејки вкупно 10 членови од ППК „Зегин” , во периодот од 7 до 9 јули ќе учествуваат на меѓународен турнир во Грција. Претходно сите членови ќе го посетат кампот во Берово, каде што членовите ќе имаат подготовки и тренинзи со тренери од земјата и странство. Потоа 20 членови, во периодот од 7 до 13 август, ќе заминат на подготовки во Србија, информираа од ППК „Зегин“.


Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски на пингпонгарите им посака многу успех во подготовките и успешна сезона за сите пинпонгари потенцирајки дека пингпонгарскиот клуб „Зегин“ е најбрзорастечки клуб во Македонија, а Берово веќе го зазема приматот на град на пинг-понгот.

По потпишувањето на договорот и дветњ страни подвлелоа дека со взаемна поддршка од сите, заеднички се придонесува за успехот на младите пингпонгари и афирмација на општина Берово во државни и меѓународни рамки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK