Избрани двајца нови проректори на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

Goce Delcev -Shtip
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Универзитетските професори Ана Никодиновска-Крстевска и Дарко Лазаров се новите проректори на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Во соопштението од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ се наведува дека на денешната 229-та седница на Ректорската управа на УГД-Штип за проректор за меѓународна соработка е избрана проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска од Правниот факултет.

-Проф. д-р Ана Никодновска-Крстевска е вонреден професор на Правниот факултет, при Катедрата за меѓународни односи и европско право. Покрај придонесот за научниот и академски развој на единицата при Универзитетот, професорката Никодиновска-Крстевска активно работи на интернационализацијата на Универзитетот и неговото вмрежување со други универзитети и организации, се вели во соопштението на Правниот факултет при УГД-Штип.


На истата седница е избран и проректор за инвестиција и развој, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK