Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од скопските села Батинци и Стајковци.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во Батинци е поради дефект ф-90 милиметри на улица „1“ во Батинци, на патот за Марков манастир.
Прекинот во водоснабдувањето во Стајковци е поради уличен дефект ф-250 милиметри на улица „Алија Авдовиќ“ без број.
Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите.