По седми пат фестивалот на отворено „Кога си во Крушево“

krushevo_3454354444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Преку 500 млади и возрасни од цела држава учествуваат викендов на седмиот по ред фестивал на отворено „When in Krusevo“ (Кога си во Крушево). Се одржуваат бројни спортско – рекреативни активности, концерти и уживање во природата и знаменитостите на Крушево.

Организаторите велат дека посетеноста е голема, една од најголемите досега. Според нив, има повеќе од 500 учесници кои присуствуваат на голем број активности. Како новитет, годинава е детската трка кај Крушевското Езеро, има и треал трка, планинска трка со велосипеди. Дополнителни активности се и летањето со параглајдер, кајакот, јавањето коњи, а тука се и концертните вечери.


– Мисијата е да ги промовираме крушевските убавини, природата, а и да ја зголемиме свесноста за зачувување на животната средина, па и во тој контекст го изработиме и мотото и оваа мисија ќе ја прифатат повеќе луѓе и очекуваме да биде и понатаму успешна. Учесниците се задоволни и секој може да си ја избере својата активност, изјави организаторот на фестивалот, Димитар Ангелковски.

Крушево се етаблира како туристичка и спортско – рекреативна дестинација. Се зголемува бројот на љубителите на рекреативните активности, но и на свеста за заштита на животната средина.

– Го промовираме Крушево како една нова туристичка алтернатива и во рамките на Македонија и пошироко. Ги збогатуваме спортските активности и имаме повеќе „аутдор“ манифестации. Ги поканувам сите љубеници во природата и активностите, рече коорганизаторот Влатко Петревски.

Учесници од повеќе краишта на државата се задоволни од условите во Крушево, патеките за трчање, возење и за рекреирање имаат високи стандарди.

Фестивалот на отворено „Кога си во Крушево“ има летно и зимско издание.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK