Зеленски нареди зајакнување на границата со Белорусија поради доаѓањето на групата Вагнер

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди денеска да се зајакне безбедноста на границата со Белорусија поради пристигнувањето на припадниците на паравоената група Вагнер во таа земја.

„Со одлука на Генералштабот, на врховниот командант (Валери) Залужни и на генералот (Серги) Наев им беше наредено да ја зајакнат границата за да се обезбеди мир“, рече Зеленски во видеото емитувано на Телеграм.


Тој рече дека денеска украински и странски разузнавачки служби, како и граничари, го информирале за ситуацијата во Белорусија.

По неуспешниот бунт во Русија пред една недела, шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин се согласи да замине во егзил во Белорусија благодарение на посредништвото на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK