Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска ја посети општина Дебар. По средбата со градоначалникот Хекуран Дука, двајцата извршиј увид во реализацијата на работите поврзани со инфраструктурниот проект во населбата “Венец1”.
– Проект, кој е во тек на реализација, предвидува целосна реконструкција на четири улици, реконструкција на тротоари и за првпат изградба на атмосферска канализација, во оваа населба која е изградена по катасрофалниот земјотрес што го погоди Дебар во ноември 1967 година, рече градоначалникот Дука по извршениот увид на работите.
Додаде дека со тоа значително ќе се подобри сообрајќајот во овој дел од градот како и управувањето со атмосферските води.
-Целиот проект е финансиран од Министерството за транспорт и врски. Работите како што бевме информирани се одвиваат според предвидената динамика. Како Министерство и Влада ќе бидеме секогаш во служба на народот, во правец на подобрување на условите. За нас сите граѓани и сите општини се идентично значајни и поддржуваме проекти во сите општини, рече меѓу другото Реџепи.
Работите, кои почнаа кон крајот на месец мај ги изведува ГП „Илинден” од Струга кое беше избрано на тендер како најповолен понудувач и се предвидува, според Реџепи, да завршат во рок од десет месеци.
-Овој инфраструктурен мега проект, во вредност од 37 милиони денари е најскапиот инфраструктурен проект досега во општина Дебар. Благодарни сме на заменик министерот кој покажа посебна посветеност нашата општина да го добие овој проект, посочи Дука.
До сега, како што информираа двајцата, работите се реализирани со 25 отсто.