Тренерот на ПСЖ уапсен поради расизам

ПСЖ
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Кристоф Галтие, и неговиот син се уапсени во рамки на истрага поврзана со наводен расизам, јавија денеска локалните медиуми.

Истрагата почна во април оваа година по искази на сведоци дека Галтие навредувал играчи на расна основа додека беше тренер на Ница во сезоната 2021/22.


Галтие и неговиот син ќе бидат задржани во полициска станица најмногу 24 часа по што ќе биде познато дали ќе останат во притвор или не.

Официјално 56-годишниот Галтие сè уште е тренер на ПСЖ, иако катарските сопственици најавија дека клубот од Париз ќе има нов стратег. Бројни медиуми изминатите денови веќе го најавија Шпанецот Луис Енрике како наследник на Галтие на клупата на ПСЖ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK