Москва и Белград ја договaраат посетата на Дачиќ на Русија

dacik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва и Белград ја договараат посетата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на Русија, откако, според него, Западот ја спречил посетата на руската делегација на Србија во 2022 година, јави дописникот на МИА од Белград.

-Навистина, Западот го спречи тоа патување, принудувајќи ги соседните земји да не дозволат да преминуваат нашите авиони, рече Лавров, додавајќи дека со неговиот „стар добар пријател“ Дачиќ е договорено во оваа ситуација тој да дојде во Руската Федерација.


„Сега се договараме за некои конкретни датуми“, рече Лавров на онлајн брифингот, соопшти ТАСС. Шефот на руската дипломатија посочи дека Москва е благодарна на српскиот претседател Александар Вучиќ и на Владата на Србија што се отворени за контакти со руската страна.

-Нашите контакти со Србија се редовни. Многу сме благодарни на претседателот и премиерката, министрите во Владата на Србија на тоа што секогаш се отворени за контакти со нашиот амбасадор. Тие контакти се многу корисни. Покрај тоа, секогаш имаме можност да комуницирајте телефонски. Го чекам Ивица Дачиќ да не посети кога ќе избере датум што му одговара, рече Лавров.

Тој посочи дека Русија изразува солидарност со српскиот народ во однос на почитувањето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и принципите кои се усогласени од меѓународната заедница и одобрени од ОН.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK