Дачиќ: Норвешка донесе одлука да ја затвори амбасадата во Приштина, со Израел ќе се ресетираат односите

dacik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Норвешка одлучила да ја затвори својата Амбасада во Приштина и најави ресетирање на односите со Израел, кој го призна Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ за ТВ Пинк кажа дека одлуката на Норвешка за затворање на Амбасадата ја дознал по разговорот со државниот секретар во норвешкото МНР, Ајвин Вада Петерсон. Како што кажа, оваа одлука ја погодила Приштина.


Дачиќ најави дека неговиот колега од Израел (Ели Коен) следната недела ќе дојде во Србија и дека ќе разговараат за „ресетирање на односите“.

– Важно е тоа, да видиме да ги ресетираме односите што ги доведевме во прашање бидејќи го признаа Косово, рече Дачиќ.

Зборувајќи за одлуката на властите во Приштина да ги прогласи за терористички двете организации (Северна бригада и Цивилна заштита), Дачиќ рече дека Курти нема константа во термините што ги користи, туку дека неговата единствена константа е „општиот напор“ да ја прогласи цела Србија и српскиот народ за геноциден народ, дека ние сме тие што направиле злосторства и дека мораме да платиме воени репарации.

– Мислеа дека можат да прават што сакаат, и дека не ги интересира мислењето на тие што ги создале. Прашање е дали тоа го прават сами или со нечија помош, а потоа прашање е кој. Тоа е како кога ќе создадете вирус во лабораторија, а тој ќе почне да се шири низ светот, рече Дачиќ и посочи дека со признавањето на Косово е отворена Пандорината кутија од која „не се знае што ќе излезе“.

Тој додаде дека Заедницата на српските општини (ЗСО) воопшто не се споменува како дел од планот за деескалација, а се врши притисок врз Белград Србите да се согласат да учествуваат на нови избори на Косово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK