Француската премиерка Борн за немирите: Сите опции се на маса

born
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француската премиерка Елизабет Борн одржува прес-конференција по најразорната ноќ на немири во Франција поради убиството на тинејџерот Нахел М, што го изврши полицаец во предградие на Париз.

Прес-конференцијата се одржува во полициска станица во близина на Париз, а со премиерката е и министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.


Борн рано изутрината ги опиша синоќешните случувања како „неподносливи и непростливи“. На прес-конференцијата таа повторно рече дека „сите опции се на маса“, додавајќи дека ќе ги разгледа заедно со претседателот Емануел Макрон, за да се реши моменталната ситуација во Франција.

Француската премиерка истакна дека ја посетила полициската станица во Еври-Кукурон надвор од Париз со министерот за внатрешни работи за да им даде поддршка на полициските сили, кои, според неа, биле „интензивно мобилизирани во последните часови“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK