Уште една мистериозна смрт во Русија

bajkova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потпретседателката на руската Локо Банка, Кристина Бајкова на 23 јуни беше пронајдена мртва откако наводно паднала од прозорецот на нејзиниот стан на 11-ти кат во Москва, објавија денеска британските медиуми, посочувајќи оти тоа е уште една мистериозна смрт во Русија.

Бајкова (28) на 23 јуни паднала од прозорецот и била прогласена за мртва на местото на несреќата. Таа во моментот на падот била со 34-годишен пријател Андреј. Нејзината смрт сè уште е под истрага.


Бајкова е последната во низата руски директори кои загинаа паѓајќи од прозорец.

Ден Рапопорт, познат критичар на Владимир Путин, кој беше протеран од Русија, беше пронајден мртов откако скокна од зграда во Вашингтон минатиот август. Неговата сопруга демантираше дека се работи за самоубиство.

Неколку недели подоцна директорот на рускиот нафтен гигант Лукоил, Равил Маганов паднал од прозорец на шестиот кат во болница во Москва и починал. Пред неговата смрт, Лукоил гласно го критикуваше Путин и руската инвазија на Украина.

Потоа, во декември, креативниот директор на ИТ компанијата Григориј Коченов скокна од балконот додека руските власти го претресуваа неговиот стан. Истиот месец, руски тајкун падна од прозорецот на хотелот во Индија, само два дена откако неговиот пријател, исто така од Русија, почина во истиот хотел.

На почетокот на овој месец, федералниот судија Артјом Бартенев падна од 12-тиот кат од зградата во која живееше.

Повеќе од 20 руски функционери и олигарси починаа под мистериозни околности само во 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK