Вкупно 380 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акциска контрола што ја спроведе МВР на територија на цела држава. Од нив, 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Како што соопшти МВР, 176 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 204 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.