Партизан го задржа Пантер

panter
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Капитенот на кошаркарите на Партизан го продолжи договорот за уште две години, соопшти денеска белградскиот клуб.

Пантер со тоа стави точка на шпекулациите кои циркулираа изминатите денови во европските медиуми дека американскиот кошаркар ќе ги напушти редовите на „црно – белите“ и ќе ја продолжи кариерата во Барселона.


Пантер сезонава го предводеше Партизан до седмата титула во регионалната АБА лига, прва по една деценија, и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалната серија против градскиот ривал Црвена ѕвезда.

Американецот, исто така, беше еден од клучните кошаркари за пласманот на Партизан во четвртфиналето во Евролигата, во кое белградскиот клуб испушти водство од 2-0 во серијата до три победи против Реал Мадрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK