Јавното обвинителство на Република Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година.
Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, целта на меморандумот што го потпиша јавниот обвинител Љубомир Јовески и амбасадорот Килијан Вал, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е да се создаде правна рамка за идната соработка во клучни области.
– Соработката меѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во следниот период ќе се реализира врз основа на годишни програми со конкретни проектни активности во рамките на проектот „Зајакнување на владеење на правото и човековите права во Македонија III“, стои во соопштението од ЈОРСМ.
Дополнуваат дека на средбата при потпишувањето на Меморандумот, јавниот обвинител Јовески го информирал амбасадорот Вал за повеќе актуелни прашања поврзани со работата на Јавното обвинителство.