Јавен повик за пријавување штети од невремето што го зафати Берово

Berovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Берово објави повик до граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето предизвикано од поројниот дожд и излевањето на водотеците, кое ја зафати територијата на општината на 24 јуни 2023.

Материјалната штета, како што стои во Јавниот повик, треба да се пријави до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово која ќе ги земе  предвид сите барања, кои по овој основ се поднесени до Општина Берово во период од 24 јуни 2023 до 10 јули 2023 година.


-Во барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува. Покрај барањето, секој барател треба да достави копија од лична карта за користење на потребните лични податоци, копија од трансакциска сметка на барателот и други потребни документи кои се објавени на општинската веб-страница, информираа од Општината.

Пријавувањето на штетите како што додадоа може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 10.07.2023 година.

-Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен Првичен извештај, кој ќе биде проследен до Влада на Република Северна Македонија, додадоа од Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општина Берово.

Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на Општина Берово ул. „Димитар Влахов” бр.10 во Берово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK