Прашањето за прием на Украина во НАТО е поврзано со статусот на земјата како кандидат за влез во ЕУ, тврди Столтенберг

nato
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлуката на ЕУ да и додели на Украина статус на кандидат за членство влијае на дискусиите во НАТО за прашањето за прифаќање на државата во Алијансата. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред неговото учество на денешниот состанок на Европскиот совет.

Тој повтори дека Русија нема збор во проширувањето на НАТО и дека вратите на Алијансата остануваат отворени. Според него, од Самитот на НАТО во Вилнус во јули се очекуваат најави за дополнителна воена помош за Киев.


„Настаните во Русија покажаа дека има пукнатини и поделби во рускиот систем. Треба да забележиме дека тоа се внатрешни руски работи, рано е за конечни заклучоци“, додаде тој по повод неуспешниот обид за бунт.

„Ајде прво да видиме колку борци на Вагнер ќе завршат во Белорусија или на друго место. Важно за НАТО е да ја продолжи поддршката за Украина, рече Столтенберг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK