У18: Македонските кошаркари подобри од Црна Гора

kosharka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години го забележа првиот триумф на Меѓународниот турнир „Боби Петковски“, совладувајќи ја во второто коло селекцијата на Црна Гора со 70-67.

Во неизвесен натпревар во вторникот вечер во салата „26 Април“ во Гевгелија, македонските кошаркари имаа минимална предност на полувремето (34-33), а и покрај осцилациите во играта во вториот дел на крајот успеаја да слават победа.


Македонските кошаркари во воведниот натпревар на меѓународниот турнир во Гевгелија во понеделникот загубија од Грција, а противник во денешното последно коло ќе им биде Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK