Панел дискусија на тема „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Институтот за медиуми и аналитика – ИМА.
Панелисти на дискусијата ќе бидат Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини, Кире Василев од Дијалог – Центар за делиберативна демократија, Давид Тасевски од Скопски Квир центар, Вики Младенова, докторантка на меѓународни студии на Универзитетот за ориенталистика во Неапол и Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА.
Модератор на настанот ќе биде Петрит Сарачини, а по излагањата на панелистите е предвидена и дискусија.