Во САД загаден воздухот поради пожарите во Канада

pozar_kanada_amerika_3535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

–  Во Канада во моментот активни се околу 500 шумски пожари, од кои половина се надвор од контрола. Пожарите предизвикаа загадување на воздухот и во САД, но и во Европа.

Провинцијата Квебек се соочува со историска и особено рана сезона на пожари. Според проценките, оваа криза најверојатно ќе продолжи бидејќи се уште не е достигнат врвот на летото.


Квалитетот на воздухот денеска е лош и во Торонто, а се очекува во текот на денот нагло да се влоши во Отава, објавија канадските власти.

Жителите на американскиот Среден Запад денеска повторно се разбудија од силно загадениот воздух и чадот од шумските пожари во Канада. Во Чикаго, третиот најнаселен град во САД, небото втор ден по ред беше сиво, а голем број од жителите носеа маски. Надлежните советуваа да се ограничи престојот на отворено, особено за децата и бремените жени.

Во Детроит, пак, индексот на загаденост на воздухот покажува ниво кое е многу штетно за здравјето. Се очекува чадот да се движи кон исток и да стигне до областа Вашингтон во текот на денот или ноќта.

Властите во Њујорк ги предупредија жителите дека квалитетот на воздухот ќе се влоши денеска и утре и организираа дистрибуција на маски.

НАСА на 26 јуни објави дека чадот од канадските пожари стигнал до југозападна Европа и објави сателитска снимка на која се гледа сив облак над северна Шпанија и Португалија.

Сепак, квалитетот на воздухот таму сепак треба да остане прифатлив бидејќи, кога чадот ќе стигне до Европа, се наоѓа во горните слоеви на атмосферата, прецизира НАСА. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK