Ги осудуваме бруталните удари на Русија против народот во Украина што предизвикаа масовна смрт и разрушување и одзеде животи на многумина Украинаци, изјави синоќа Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност при Белата куќа.
-САД ќе продолжат со подршката за Украина и ќе обезбедат оружје и опрема за одбрана од руската агресија, изјави тој.
Руските сили вчера извршија ракетен удар врз Краматорск, во Доњецката област, при што погодија популарен трговски центар и ресторан.
Во нападот загинаа најмалку осум лица, меѓу кои и три деца, 56 беа повредени, потврдија украинските власти. Ударот се случи во трговски центар со многу луѓе и пица ресторан посетуван од новинари, студенти и армиски персонал.
Краматорск се наоѓа на 30 километри од фронтот во источна Украина.