Дуда по посетата на Киев: Полска и Литванија ќе направат се Украина што поскоро да стане членка на НАТО

nato-Ukraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полска и Литванија ќе направат се Украина што поскоро да стане членка на НАТО, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда при посетата на Киев.

-Ќе го направиме тоа што е можно поскоро, рече полскиот претседател на прес-конференција, пренесоа британските медиуми.


Тој додаде дека двете земји се трудат одлуките што ќе бидат донесени на самитот на НАТО во јули „јасно да укажуваат на перспективата за членство“.

-Водеме дискусии за ова прашање со нашите сојузници, рече Дуда.

Претходно денеска полскиот претседател и неговиот литвански колега, Гитанас Науседа, пристигнаа во Киев, каде што се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски вчера изјави дека посакува НАТО да и испрати на Украина „политичка покана“ за членство на самитот на Алијансата на 11 и 12 јули во Литванија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK