Лондонскиот премиерлигаш Арсенал испрати трета понуда до градскиот ривал Вест Хем за услугите на клупскиот капитен Деклан Рајс, јави денеска телевизијата Скај.
Арсенал за услугите на 24-годишниот играч за врска понудил 122 милиони евра.
Претходните две понуди Вест Хем ги одби, а во меѓувреме лондонскиот клуб не ја прифати и понудата од 104 милиони евра од актуелниот англиски и европски првак Манчестер сити.
Според британските медиуми, цената која Вест Хем ја бара за својот капитен изнесува 160 милиони евра, но би можел да прифати и понуда од 116 милиони евра, со дополнителен играч.