Од почетокот на годинава Турција екстрадирала над 46.000 илегални мигранти

migranti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од почетокот на годината Турција екстрадирала повеќе од 46.000 илегални мигранти, покажуваат податоците кои на Твитер ги објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Според податоците, точната бројка на екстрадирани илегални мигранти за периодот од 1 јануари до 22 јуни е 46.633. Одделно во тек е екстрадициона постапка за 17.964 странци, посочи министерот.


Само во периодот од 16 до 22 јуни Турција привела 3.192 илегални мигранти и екстрадирала 1.831, покажуваат објавените податоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK