– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за управување возило под дејство на алкохол и пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, две мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.