Патот Берово – Делчево затворен за сообраќај, а Берово – Виница е прооден периодично

poplava_#453453543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Патот Берово – Делчево кај село Смојмирово е затворен за сообраќај поради обилна количина вода кај село Смојмирово по невремето кое го зафати Берово и околината. Информацијата ја потврдија од АМСМ и ЦУК од каде додадоа дека патот Берово-Виница бидејќи се расчистува е прооден периодично.


Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, АМСМ во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок.

Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода во АМСМ и од куќите. На помош се испратени и две екипи на ТППЕ од соседните градови, се вели во информацијата од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK