– Новоизбраниот претседател на Летонија Едгарс Ринкевичс денеска изјави дека неговата земја ја зајакнала безбедноста на своите граници, соочени со тековниот бунт во Русија, и дека повеќе нема да им дозволува на Русите да влезат на нејзина територија.
„Летонија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија. Безбедноста на границата е зајакната“, објави тој на Твитер и додаде дека издавањето визи и влезот на Русите кои ја напуштаат Русија поради акуелните настани, се суспендирани.