Ѓорчев се сретна со Борис Џонсон, Лиз Трас, Скот Морисон, Тони Абот и Колинда Грабар Китаровиќ

gjorcev+34535345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на посетата на Лондон, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев се сретна со поранешните премиери на Велика Британија, Борис Џонсон и Лиз Трас, екс премиерите на Австралија, Скот Морисон и Тони Абот, како и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.

На средбите Ѓорчев ги повтори позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на актуелните прашања во Македонија и во светот.  Ѓорчев додаде дека Македонија и македонскиот народ имаат право на свои права, посебност и идентитет.



Ѓорчев учествуваше на ИДУ форумот по повод 40-годишнината од формирањето на најголемата светска организација на десниот центар, која обединува повеќе пд 100 политички сестрински партии со слична програма и принципи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK