– Најмалку еден припадник на полицијата загина, а петмина се ранети во напад на бомбаш самоубиец врз воен конвој во југозападен Пакистан, соопштија денеска официјални лица.
Властите пронајдоа останки на жена бомбаш самоубиец по експлозијата во градот Турбат, соопштија локалните власти.
Властите валат дека цел на нападот бил конвој на паравоените сили на Граничниот корпус, но главниот удар на експлозијата погодил полициско возило. Се наведува дека возилото на Граничниот корпус било полесно оштетено, а меѓу ранетите има и една полицајка.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но познато е дека слични акции во минатото биле извршени од сепаратистичката група Балуџа.
Југозападната пакистанска провинција Балуџистан е сцена на сепаратистички бунт предводен од Балуџистанската националистичка армија.