– Невреме проследено со грмежи, пороен дожд и врнежи од град денес го зафати Берово.
Поради големината на врнежите од град, жители јавуваат за оштетени автомобили, а од видеата објавени на социјалните мрежи од страна на граѓаните, забележлива е големата количина на вода низ градските улици.
Во соседната општина Пехчево истотака забележани се поројни дождови поради што регистрирана е обилна количина вода по улиците.
Поради електричното празнење, надлежните апелираа без потреба да не се излегува од домовите за времетреање на невремето.