– Универзитетот во Тетово денеска организираше свеченост за промоција на апсолвентите од академската 2022/2023 година. Апсолвентите од 13 факултети кои го завршуваат високото образование беа претставени пред нивните семејства и гости на свеченоста која заврши на традиционалниот начин со фрлање на капите во воздух.
– Драги студенти, кога ги фрлате капите како симбол на успешно завршување на овој животен циклус, запомнете дека вие сте надежта и иднината на овој народ, кој му дал живот на овој Универзитет. И утре, кога ќе го спроведете знаењето што сте го стекнале во текот на студирањето, почестете се себеси, вашето семејство и овој храм на знаење правејќи добри дела во служба на заедницата. Вие секогаш ќе бидете нашиот глас кој ќе проникнува во разумот на новите генерации, негувајќи го знаењето и сеејќи љубов кон него. Вие ќе бидете тие кои ќе нè направат поуспешни бидејќи успехот на еден универзитет се мери со постигнувањата на неговите студенти, им порача на апсолвентите, ректорот Куштрим Ахмети.
Министерот за образование Јетон Шаќири, им порача на студентите дека овој ден значи дека достигнале една цел и да не се откажуваат барајќи го тоа што го сакаат.
-Со организирање и земање учество во конференции и симпозиуми, што се вреднуваат тука и во регионот. Со инвестирање во наставата и нови студиски програми во чекор со времето, и во тек со новата технологија, со еден збор УТ, е почитувана институција од сите и е обврска на секој од нас, со сопствен пример да го промовираме, со фанатизам овој извор на знаење, од страна на сите вас студенти почнувајќи од утре, истакна Јетон Шаќири.
Ова е 28. генерација која дипломира на Универзитетот.