Централната банка на Турција значително ја зголеми каматната стапка


centralna-banka-turcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Централната банка на Турција денеска ја зголеми клучната каматна стапка на 15 проценти, што е речиси двојно од претходната, со цел да го промени курсот кон конвенционалната економска политика за да се справи со инфлацијата.

Централната банка на Турција ја зголеми каматната стапка од 8,5 на 15 отсто. Тоа е прво зголемување од март 2021 година.


Зголемувањето на оваа стапка покажува дека земјата се откажува од неконвенционалното верување на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека со намалени каматните стапки се бори против инфлацијата, што е спротивно на традиционалната економска теорија.

Според економистите неконвенционалните верувања на Ердоган ја влошија економските состојба и доведоа до криза на домашната валута и ги зголемија трошоците за живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK