Зеленски: Русите планираат терористички напад на нуклеарката Запорожје; Песков: Тоа е уште една лага

zaporozje_ukraina_2323455
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на каналот Телеграм напиша дека украинските разузнавачки служби добиле информации дека Русија размислува да изврши терористички напад врз нуклеарната централа Запорожје, што би вклучувало ослободување на опасна радијација, пишува Гардијан.

На ваквата изјава на Зеленски веднаш реагираше Кремљ, наведувајќи дека тоа е „уште една лага“.


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) штотуку ја посетијае нуклеарната централа и „дадоа највисоки оценки“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK