Владата ќе го зајакнува образложението на иницијативата за уставни измени со аргументи за преговорите со ЕУ, нагласи Маричиќ

ustav
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Треба да се даде уште неколку дена шанса за дијалог со опозицијата пред уставните измени Владата да ги пушти до Собранието, иако е јасно дека тие немаат намера повторно да седнат на маса, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Тој најави дека Владата сака да го дополни и да го зацврсти образложението на иницијативата со дополнителни аргументи околу процесот на преговори со ЕУ и за нејзиното значење во процесот на преговори со ЕУ, а потоа да ја достави до Собранието.

Иницијативата за уставни измени, според него, не е никаде заглавена, и тие се разгледуваат од сите аспекти.


-Не се никаде заглавени знаете тоа е сепак иницијатива за измена на Уставот. Ние ги разгледуваме сите аспекти. Имавме неколку консултативни средби и со самата работна група која што ги работеше. Јас очекувам Владата да процени кога е најдобар момент за да ја пушти иницијативата во Собрание. Сметам дека треба да се даде уште неколку дена шанса за дијалог со опозицијата иако јасно е дека изгледа тие немаат намера повторно да седнат на маса, рече Маричиќ.

Нашата врата ќе остане отворена за дијалог, вели тој, и додавајќи дека ќе продолжи можноста за дијалог и кога уставните измени ќе влезат Собранието, затоа што процедурата трае бидејќи од доставувањето на иницијативата до првото гласање има 30 дена.

-Ние рековме дека би сакале во текот на летото да ги испратиме амандманите во Собранието. Крајниот рок за завршување на комплетната процедура знаеме е дека крајот на ноември. Почетниот краен рок би требало да биде летото, значи најдоцна во текот на месец јули да ги испратиме доколку сакаме да стигнеме во ноември со сите рокови, рече вицепремиерот Маричиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање повтори дека има се уште можност за политички процес којшто сакаат да профункционира и оти апелираат секој ден до опозицијата да се обнови и да продолжи дијалогот.

-Ние имавме јасен став од опозицијата дека тие во принцип не се против внесување на Бугарите во Уставот, но под одредени услови. Ние ги повикуваме да разговараме за условите. За услови коишто се реални и коишто можеме да ги направиме, и тука навистина сме подготвени да бидеме и отворени и великодушни. Не секако за оние услови коишто се нереални, коишто се надвор од моќта на Северна Македонија, на нашите институции и на нашите политички фактори. Така што, се надевам дека ќе преовлада разумот кај опозицијата, ние ќе продолжиме да се обраќаме и до водството на опозицијата и до пратеничката група и до секој пратеник, рече Маричиќ.

Дециден е дека никој не врши притисок врз пратениците и тоа што тие разговараат со пратеници од сите партии на различни теми не подразбира притисок.

-Несериозно е да се тврди дека има каков било притисок или пак дека претходно, знаеме дека гласањето било слободно и во 2018 и се повторило повеќе од еднаш. За жал ВМРО-ДПМНЕ ја има таа тенденција да тврди цело време дека некој некого притиска заради тоа што, знаете тоа беше приказната и зошто не можат во Парламент да ја срушат Владата и да предизвикаат вонредни избори па секогаш се вадеа на некаков притисок. Секој пратеник е слободен да одлучува, никој не може да му врши притисок и никогаш не сум вршел притисок на никого, ниту некој врши. Но, должност ни е да разговараме и да ги изнесуваме сите аргументи и да бидеме во дијалог, истакна Маричиќ, кој учествуваше на конференција за ЕУ во МАНУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK