Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е во дводневна посета во Црна Гора, каде ќе учествува на меѓународната конференцијата „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“.
Конференцијата, како што соопшти МТСП, ќе ја отвори пртседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а домаќин на настанот е министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.
Воведно обраќање на конференцијата ќе има и амбасадорот на Република Северна Македонија во Црна Гора,Зеќир Рамчиловиќ.
Министерката Тренчевска ќе се обрати на панелот „ Борбата против говорот на омраза – современа област на антидискриминацијата“.
На конференцијата, како што информираат од МТСП, учествуваат високи претставници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Грција, Бугарија, Молдавија, како и претставници на Советот на Европа и Делегацијата на ЕУ во земјата.