Полициски службеници синоќа ги лишиле од слобода А.А., Н.А. и Е.А., на возраст од 36, 35 и 24 години, сите од Струмица, кои биле затекнати во близина на градот, како обработуваат засадени стебла марихуана.
– На местото биле пронајдени 29 стебла, кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А., била пронајдена и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицата биле задржани во полициска станица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.