Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ денеска организира тркалезна маса на тема „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“, на која ќе бидат презентирани прелиминарни резултати од анкетата за перцепциите на студентите за корупцијата во високото образование во трите земји.
-Истражувањето е спроведено преку користење техника лице в лице во мај 2023 година, на примерок од 300 студенти во секоја земја. При креирањето на примерокот се внимаваше да се обезбеди пропорционална застапеност на универзитетите во примерокот според бројот на студенти, како и помалите универзитети да бидат застапени во статистички значаен број на испитаници, соопшти организаторот.
Проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ е поддржан со регионален грант на СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество, Центарот за истражување и креирање политики и Институтот за демократија и медијација и финансиски поддржан од норвешкото Министерство за надворешни работи.