Најмалку 16 луѓе се повредени во пожар што зафати згради по експлозија во петтиот арондисман во Париз, соопшти полицијата. Деветмина од нив се во исклучитрелно тешка состојба.
Париската полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Локалните медикуми јавија дека најверојатно се случила експлозија на гас.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен соопшти дека пожарот избувнал во близина на Луксембуршката палата и Универзитетот Сорбона.