Денес се завршија градежните работите на крак 38 на улицата Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари.
По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот.
Град Скопје, планира на овој потег со меѓуопшитнска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на краците 49 и 50 што се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години.
Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.