Пендаровски прими делегација од Пратеничката група за пријателство при Собранието на Француската Република

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од пратеничката група за пријателство при Собранието на Француската Република која престојува во посета на нашата држава.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на средбата се разговараше за заложбите за јакнење на билатералната соработка меѓу двете држави во контекст на парламентарната димензија, како и за француската поддршка во процесот на македонската европска интеграција.


Соговорниците го констатирале пријателството и напредокот на меѓусебните односи и вложените француски напори за отворање на пристапните преговори на  Македонија со Европската Унија.

-Тие разменија мислења и информации за преговорите за членство во ЕУ, тековниот скрининг процес, како и за следните фази кои треба да се комплетираат како дел од процесот за македонските пристапни преговори со Европската Унија, велат од Кабинетот на претседателот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK